Од локалната самоуправа информираат дека целокупната постапка за издавање одобренија за градење,од 1- ви јуни, општината е должна да ја спроведува исклучиво по електронски пат, односно поднесувањето на барањата за добивање одобренија и постапката за издавање на одобренија за градење се води само по електронски пат.

За барањата кои се поднесени до 01.06.2013 година, Општина Охрид истите ги спроведува по старата постапка согласно Законот за градење.

За поднесување на е-одобрение за градење изготвени се упатства за користење на овој систем.

Истите се објавени на веб – страницата на Општина Охрид и веб страница преку која се поднесува барањето за е-одобрение за градење- www.gradezna-dozvola.mk

OhridNews