Во четврток со почеток во  13 часот, советот н аопштина Охрид ќе ја одржи деветнаесеттата седница.

На дневен ред се предвидени предлог одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар, предлог одлуките за давање согласност  за задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ со долгорочен кредит во „Охридска Банка“ АД Охрид – реструктуирање на кредитното задолжение, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација  за усогласување на трасите на сообраќајната инфраструктура.

Советниците ќе расправаат и за неколку предлог одлуки за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Велготи, Трпејца, Лескоец, Коњско, Оровник, Љубаништа.

OhridNews