На распишаниот владин оглас за вработување на персонал во јавните здравствени установи се пријавиле голем број кандидати, поради што треба и подолго време за завршување на постапката, информира директорот на охридската Општа болница, д- р Љубен Арнаудов.
– Треба време пријавите да се обработаат, но постапката е при крај, извршено е тестирањето на кандидатите и рангирањето . Сега на потег е министерството за здравство да одлучи кои се најдобрите меѓу пријавените кандидати, изјави д- р Арнаудов.
Во јавните здравствени установи во Охрид предвидени се вкупно 36 вработувања.
Од нив во Општа болница четворица лекари, три медицински сестри, пет болничари и еден информатичар. Во Центарот за јавно здравје ќе има три вработувања на лекари, во Здравствен дом се предвидени седум вработувања, од кои четворица стоматолози, забен асистент, медицинска сестра и лекар по општа медицина. Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ ќе се вработаат четворица лекари, три медицински сестри и четворица болничари. За Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ објавениот оглас опфаќаше вработување на двајца болничари.
Т.К.
.