Вчера околу 12,00 часот во Струга на ул.„Владо Малески“ случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Цитроен“ Ц3 со скопски регистерски ознаки управувано од Т.Ѓ. (74) од Скопје и велосипед управуван од В.Т. (72) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на черепот и левата половина од горната вилица и крварење во главата) се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во МЦ-Струга, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Св.Еразмо-Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот бил извршен од ЈО и увидна екипа од ПС-Струга и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

OhridNews