Денес во месноста викана Суво поле кај Вевчани беше поставен и осветен камен темелникот за возобновување на манастирот „Св.Великомаченик Георгиј“ .

На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски, како и бројни верници.


Осветувањето го изврши митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј кој ги повика верниците да ја зацврстат верата и љубовта, по примерот на своите претци.

–  Нека Свети Ѓорѓи ја закрепи верата и љубовта, да можете и верата да ја сочувате, но и себеси да се запазите онака како што биле вашите претци. Свети великомаченик Ѓорги нека ги услиши нашите молитви и дај боже, оваа црква, овој манастир час поскоро да биде изграден, рече владиката Тимотеј.

Градоначалникот Угриноски потенцира дека преку изградбата на Портата и верскиот храм од Вевчани јасно се испраќа пораката за меѓусебна толеранција, соживот и разбирање, независно од етничката и верска припадност.

Изградбата на црквата ќе биде финансирана од донации од жителите на Вевчани и сите верници кои сакаат да придонесат за нејзината изградба.

OhridNews