Поставен камен темелникот на спортската сала во Требеништа
28.05.14 12:48
Градоначалникот на Општината Дебрца, Игор Трајковски заедно со пратениците во Собранието од регионот, денеска, го поставија камен темелникот на повеќенаменската спортска сала во село Требеништа.
– Започнуваме проект со кој ќе им овозможиме на младите да имаат нов репрезентативен примерок во однос на спортот. Присуствуваме на чин на кој ќе се постави камен темелник на мултифункционална балон-сала. Оваа сала ќе претставува придонес пред се за младите и другите кои рекреативно ќе ги користат услугите. Ние како Локална самоуправа несебично ќе инвестираме во спортот и тоа што го ветувавме во предизборните програми полека го остваруваме – истакна Трајкоски.
Инвестицијата во спортската сала чини околу 100 илјади евра, а ќе се изгради во најбрз можен рок.
– Го поздравувам проектот на Општината Дебрца. Сите ние јавни личности избрани од македонскиот народ се ценат по своите дела. Сметам дека ова остварување на овој проект инвестирање во повеќенаменска спортска сала во Требеништа е само доказ дека Општината добро работи и ги стави интересите на граѓаните во преден план – рече пратеникот Антонио Милошески.
Димензиите на спортската сала која ќе служи за повеќе спортови се должина 48 метри, ширина 28 и висина 10 метри.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.