– Со изградбата на спортската сала на учениците и жителите на Пештани ќе им овозможиме да спортуваат во нов и современо опремен објект.Тоа ви го ветив за време на локалните избори и ќе го релизирам ветувањето. Така беше и со изградбата на колекторскиот систем, а така ќе биде и за другите проекти. Иако имаме опструкции од централната власт, ние и натаму ќе инвестираме во Пештани- рече Градоначалникот Петрески.
Раководителот на Секторот за јавни работи, Митре велјаноски, потенцира дека училиштата во Охрид пред 6 години биле руинирани и поголем број од нив со прокиснати кровови.
– Локалната самоуправа мораше, во интерес на учениците, да најде можности и за реконструкција на училиштата вложи над 100 милиони денари.Во училиштата реконструирани се крововите, инсталирано е ново греење, поставена е нова дограма и направени се уште многу зафати со кои се подобрени условите за изведување настава- рече Велјаноски.