Со цел отстранување на претходно утврдените недостатоци во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, локалната власт во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2014 година предвиде изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи.
– Првата туристичка берза е поставена кај автобуската станица каде регистрираните приватни станоиздавачи ќе имаат можност да ги нудат своите сместувачки капацитети на организиран и достоинствен начин, со што би се вовел ред како во нелојалната конкуренција, така и во однос на општиот одраз и впечаток кој го добиваат туристите, велат од локалната самоуправа.
Во насока на надминување на проблемите со дивите стано-издавачи и чекачи на гости, Локалната самоуправа оформи тимови за туристичка контрола кои заедно со општинскиот инспекторат и надлежните државни институции ќе ги санкционираат прекршителите на Законот за угостителска и туристичка дејност.
OhridNews