По пишувањето на Ohridnews, од денес просторот околу стариот Чинар на плоштадот Крушевска република, е заграден со црвена лента, а поставена е и информативна табла преку која се информира јавноста дека се врши негова санација која започна вчера, без соодветна најава од страна на изведувачите.

Санацијата на чинарот, прогласен за споменик на природата, кој се наоѓа во многу лоша состојба, е проект од програмата за заштита на животната средина на општина Охрид, а ја извесуваат експерти-конзерватори од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Санацијата предвидува чистење на трулежот од дрвото, негова заштита, премачкување со специјални средства и заштита.

OhridNews