Ј.П.”Охридски Комуналец” продолжува со реализирање на Проектот “Охрид град на цвеќето 2012″ преку уредување на постојните, но и нови парковски површини и зелени катчиња. За таа цел, деновиве, поставени се околу 100 украсни садови со сезонско цвеќе (ќупови) во градскиот парк, на кружните текови и просторот околу спомениците.

Истовремено, екипите на јавното претпријатие се максимално ангажирани за уредување на градот пред почетокот на најзначајниот културен настан  „Охридско лето“.

–    Посебен акцент е ставен  на стариот дел од градот и локациите на кои ќе се одвива уметничката програма. Со овие вонредни активности Ј.П.„Охридски Комуналец„  дава свој допринос во залагањата за одржување на високо ниво на уреденост и хигиена во градот за време на одржување на манифестацијата, потенцираат од ЈП „Охридски комуналец“.

На улицата „Илинденска„ старите садови за отпадоци се заменети со нови, се врши косење на тревата и  хортикултурно одржување на зелените површини, а улиците и патеките детално се чистат и метат.

OhridNews