Поставени се околу 100 нови клупи за седење и околу 90 нови корпи за отпадоци во централното градско подрачје и на неколку јавни локации, како дел од активностите за поставување на нова урбана опрема.

Во текот на наредните денови ќе се врши поставување на нови клупи за седење во стариот дел на градот, информираше градоначалникот Константин Георгиески.

Претходно, градоначалникот информираше дека извршена е замена на старите и дотраени клупи за седење во „Холандскиот парк“; паркот помеѓу улиците „Даме Груев и „Јане Сандански“ паркот „Билјанини извори“, а нови клупи требаше да бидат поставени на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“; паркот покрај градскиот кеј, во стариот  дел на градот и на други јавни локации.

Инаку, согласно склучениот договор за набавка, за поставувањето на новата урбана опрема, од општинскиот буџет ќе бидат издвоени вкупно 2.252.000 денари.

OhridNews