Во градскиот парк, околу споменикот “Свети Кирил и Методиј”, деновиве се поставени 10 нови клупи со современ дизајн, а по пешачката патека, зад споменикот, е поставена и една клупа со кружен дизајн.


Како што информираат од Јп Охридски комуналец, со поставувањето на овие пропратни елементи е завршено уредувањето на просторот во овој дел од паркот, а во наредниот период ќе се продолжи со уредување на просторот околу зелениот појас и на останатиот потег од паркот.

OhridNews