Во рамки на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид ,оперативни екипи на ЈП Нискоградба, денес поставија светлечки сообраќајни знаци за забавување на брзина на моторните возила долж булеварот “Туристичка“,и тоа на пресекот со улицата “Даме Груев“ во близина на ОУ “Григор Прличев“,и на пресекот со улица “Јане Сандански“ во близина на автобуската постојка.
Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици најавуваат дека светчлечки сообраќајни знаци ќе се поставуваат и во текот на наредниот период, на места и локации коишто од стручните лица се детектирани како критични точки по безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.
OhridNews