Пет нови споменици осамнаа денеска во главниот град. Спомен – обележја добија Никола Русински, Пере Тошев, Андон Ќосето, генерал Михајло Апостолски и војводата Ѓорѓи Сугарев.
Спомениците се донација на малку познатото Здружени за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија. Детали за висината на донацијата не се соопштуваат.
Поставувањето на новите споменици во Скопје предизвика различни реакции во јавноста, како и критики од опозицијата и дел од невладиниот сектор.
OhridNews