Од локалната самоуправа информираат дека во соработка со граѓаните, деновиве, поставени се повеќе сферни огледала на неколку улици во општина Охрид.
Огледалата со кои се подобрува безбедноста во сообраќајот се поставија во Пештани на главниот пат веднаш до полициската станица, во Елшани над кампот „Елешец“, на пресекот на улицата „Сирма Војдовода“ со улицата Карпош Војвода, на улицата „Петрино“ веднаш зад некогашната фабрика „Застава“, на улицата „Прилепска“ и на улицата „Крали Марко“.
Од локалната самоуправа додаваат дека ваквиот концепт на соработка со жителите на општина Охрид, продолжува и во наредниот период, со цел поефикасна реализација на секојдневните потреби на граѓаните.
OhridNews













