На градското пристаниште денес се постави спомен обележјето за празникот Богојавление –  Водици, донација на кумот на манифестацијата Водици 2012, и сопственик на градежната компанија „Адора Инженеринг“, проф.д- р Ванчо Чифлиганец.

Споменикот за Водици- Фаќач на крстот, кој го изработи скулпторот Ангел Коруновски, е висок три метри и десет сантиметри, излеан во бронза, а е поставен на постамент висок два метри.

– Јас како кум на Водици 2012  дадов ветување пред Бога и народот дека, заедно со здружението „ Богојавление“  ќе изградиме еден убав споменик кој ќе ги плени не само православните граѓани во Охрид и Македонија,  туку и сите туристи кои ќе го посетат градот. Идејата е покрај  тоа што ќе биде верско, духовно обележје, споменикот  да  претставува и туристичка атракција, изјави Чифлиганец при поставувањето на камен темелникот за изградба на спомен обележјето на крајот на месец јануари .

Поставувањето на спомен обележјето се реализира со поддршка на локалната самоуправа.

OhridNews