Веќе неколку години Лионс клуб Десарети-Охрид учествува во светскиот натпревар “ Постер на мирот” кој традиционално го организира Lions Club International.
Во годинешната акција на Лајонс клуб Десарети учевстуваат ученици од 11 до 13 години од охридските основни училишта: Григор Прличев, Братство Единство, Христо Узунов, Св. Климент Охридски како и Живко Чинго – Велгошти.
Учесниците на наградниот напревар “Постер на мирот”, можат да се изразат со сите ликовни техники, како и преку поезија.
Оваа година паричната награда што ја доделува Дистрикт 132 – Македонија изнесува 3000 ден., додека меѓународните победници на “Постер на мирот” ќе бидат објавени на 1 февруари 2015 година. 23-ца учесници ќе добијат парична награда од по $500 USA и сертификат за достигнување, а ЛК Десарети ќе обезбеди пофалница за сите ученици и нивните ментори.
Севкупниот победник ќе ја добие главната награда од $5000 USA и платено патување на церемонијата на доделување на наградите на 97-та годишна меѓународна конвенција на LCI во Торонто, Канада.
OhridNews