На средба која синоќа траела до доцните вечерни часови, министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Гранковиот синдикат за здравство, потпишаа анекс на колективниот договор.

Согласно тоа, утврдено е реформата плаќање по учинок да се спроведува при формирањето на висината на платите. Проектот ќе се модифицира со квартална пресметка, што ќе значи дека учинокот ќе се пресметува на секои три месеци и специјалистот ќе зема плата по учинок како просек од трите последни месеци.

Во анексот стои и дека директорот ќе треба да му укаже на здравствениот работник кој имал помала работна успешност, со цел да му овозможи да оствари 100% плата. Прагот на толеранција од досегашните 0.98-1.01 е зголемен на 0.96-1.02 со што се отвора можност поголем дел од лекарите да земат 100 отсто плата. Се воведува и администратор кој ке го врши целокупниот внес на интервенции за да не се оптоварува здравствениот работник со административни работи.

Специјалистите  добиваат зголемување на платите во висина од 19,2% во период од 15 месеци. Почнувајќи од февруари специјалистите ќе добијат зголемени плати за 4,8%. Во октомври се очекува второ зголемување од 4,8%,за во мај следната година платите на специјалиститеда се зголемат за уште 9,6%.