Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежност на Министесртвото за образование и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни, се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци.
Работната група ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со неа ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а целиот овој процес треба да заврши некаде до средина на март, пренесува националната агенција „Миа“.
Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите по средбата со претставници на Сојузот на средниошколци, рече дека низ дијалог е најдено квалитетно копромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа.
Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Беше потребно да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто можно решение, рече Заев, додавајќи дека нужно било државната матура да претпри измени.

Со цел учениците да имаат опција да ги променат своите испити, учениците кои ќе полагаат државна матура треба повторно да ги регистрираат своите испити. Краен рок за ова предлагаме да биде петок 5 март. Во нашите разговори со Владата изнајдовме решение за промена во начинот на добивање на поените за интерните испити. Предвид сега ќе се зема оценката од испитот и просекот по предметот како основа за добивање на поените, рече Ходаи.

OhridNews
Фото: МИА












