Старосната граница кога младите стапуваат во сексуални односи постојано се намалува. При тоа, мал дел од нив превземаат мерки за заштита од несакана бременост или сексуално преносливите болести.

Според неофицијалните податоци, две третини од охридските средношколци веќе имаат сексуални односи, а само една половина од нив користат презервативи, истакнуваат здравствените работници.


Многу малку имаме официјални податоци за тоа што се случува со младите во Охрид, а тоа недостасува за да се превземат и конкретни мерки за превенција и нивна заштита, потенцираат тие.


Бројот на несакани бремености не се намалува со текот на годините, а тоа е доказ дека недостасува навремена едукација на младите. Единствено радува фактот што е намален бројот на сексуално преносливите болести, многу ретки се случаевите на заболени од гонореја или сифилис.


Ова се дел од заклучоците од средбата организирана од страна на Младинскиот совет Охрид и здравствените работници, како дел од активностите на годишната програма на советот, наменета за сексуалното и репродуктивно здравје кај младите.  Во идниот период предвидени се бројни активности чија цел е поголема едукација и превенција.

OhridNews