Претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина.
Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 степени.
Во Охрид облачно време со врнежи од дожд и услови за врнежи од снег. Минималната температура од 1, а максималната ќе достигне до 4 степени. Како што информираат од УХМР, во изминатите 24 часа во Охрид наврнало 34 литри на метар квадратен, најмногу во државава.
Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Поради разведрувањето во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.
OhridNews