Оваа предлог одлука е и единствена точка на дневен ред.
Како што веќе информиравме, ВМРО ДПМНЕ, смета дека општината треба да земе активно учество во изградбата на комплексот на Плаошник и тоа преку ослободување на инвеститорот, Владата на РМ, од плаќање комуналии. Според оваа советничка група подобро е тие средства да се искористат за изградба на капитален објект за театар или друга културна институција, отколку да завршат во градската каса која е оптоварена со долгови.
Ваквиот предлог за градоначалникот на Охрид, Александар Петрески е неприфатлив. Тој смета дека општината не треба да се откаже од 1,6 милиони евра, колку што според одредени проценки изнесува сумата што на име комуналии треба да ја уплати државата, бидејќи као што вели, тоа се средства на граѓаните на Охрид, кои треба да се искористат за нивни потреби.