Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи на кандидати за локалните избори на централно ниво го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Со овој чин, учесниците преземаат одговорност дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот за фер и демократски избори според кој ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење. Сите учесници во изборите со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во системот на држава. Новина годинава е тоа што во Кодексот годинава е додадена ставка по однос на дискриминација по основ на род.

Чинот на потпишување беше во организација на NDI во нашата земја од каде порачаа дека за време на овие избори не смее да има никаков говор на омраза и мора да се одбегне секаков вид на дискриминација. Овој кодекс претставува првиот чекор во спроведување на фер и демократски избори.

Изборите и другите политички процеси се клучни за квалитетот на управувањето и можат во голема мера да го унапредат долгорочниот демократски развој на земјата, порача претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Изборите треба да бидат транспрарентни и отчетни, треба да бидат правични можности за натпревар на учесниците кои се поткрепени со голем број обврски, права и слободи. Гласањето мора да биде тајно, засновано на еднакво право на глас. Да има вистина можност за остварување на ова право, без дискриминација. Мора да има здрава права рамка и непристрасна администрација за спроведување на изборите. На политичките натпреварувачи мора да им се даде фер шанса да стигнат до гласачите и да ја добијат нивната поддршка. Натпреварувачите без говор на омраза да организираат мирни собири и други облици на поддршка од јавноста. Медиумите да бидат слободни да собираат информации за изборите и прашањата од политичка јавност, тие се должни да ги покриваат сите учесници точно, праведно и правично и да дејствуваат етички, истакна Даштевски

Во услови на глобална пандемија одговорноста на сите учесници во изборите  имаат двојна обврска за да може да се спроведат успешно завршени избори, додаде Дашковски

На овие локални избори ќе се гласа за 80 градоначалници и еден градоначалник на град Скопје. Избирачкиот список ќе биде заклучен утре со сите промени кои се случија додека траеше увидот во списокот од страна на граѓаните.

 

К.А.