Денес во општинската зграда во Дебарца, градоначалникот на општината Игор Трајкоски и претседателот на Регионалната Занаетчиска комора Охрид,  Сашо Богоески потпишаа меморандум за меѓусебна соработка и партнерство.  

Трајкоски и Богоески потенцираа дека целта на потпишувањето на меморандумот е заедно да се придонесе кон успешна реализација на проектите и програмите за работа , кои се во интерес на општината и занаетчиите . Во таа насока општината ќе настојува преку разни форми на поддршка и конкретна помош да придонесе за  остварување на целите што ги содржат програмите и проектите водени од РЗК – Охрид.

Регионалната занаетчиска комора – Охрид како носител на програма за развој на занаетчиството во општина Дебрца , како невладина и непартиска организација која ги застапува интересите на занаетчиите – ќе се грижи за занаетчиите , нивното достоинство и достоинството на комората пред јавниот сектор и општите демократски определби за иднината на општина Дебрца.

OhridNews