Потпишан Меморандум за соработка, помеѓу ХОТАМ и Кластерот на туристичкото стопанство на Врњачка Бања, во рамките на Меѓународниот саем за туризам во Белград, Србија.

Предмет на овој Меморандум е воспоставување и развој на соработката помеѓу потписниците на Меморандумот, а ги опфаќа сите облици и процеси на поврзување во областа на угостителската и туристичката дејност, а со самото тоа и застапување на заедничките интереси во наведената област, велат од ХОТАМ.

Во дух на партнерство, меѓусебна доверба и добра деловна соработка, додаваат од ХОТАМ, двете страни се договорија да соработуваат на полињата на размена на стручен кадар, размена на технолошки искуства, како и едукација и понатамошна соработка.

Во хотелот Мажестик во центарот на Белград се одржа и традиционалната Охридска вечер во организација на ХОТАМ.

Целта на оваа Охридска вечер ни е дружење и обновување на контактите кои ги имавме малку запоставено во последните две години заради Ковид пандемијата и започнување на нова стратегија и активности за сезоната 2022 и понатаму, изјави преседателот на ХОТАМ Крсте Блажевски.

Н.С.Ј.