Денеска во просториите на ЈУНП Галичица беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ЈП ,,Охридски Комуналец” – Охрид и Националниот парк Галичица.

Потпишувањето на овој меморандум е прв чекор на соработка помеѓу двете страни. Во иднина ќе следи склучување на меморандум за соработка со невладините организации и еколошки здруженија, со кои ќе се означи зголемување и проширување на соработката на полето на заштита на природата и одржување на чист и зелен Охрид, информираат од претпријатието.

Како што претходно информираа на одржаниот прв работен состанок со ЈУ Национален парк Галичица, еколошки друштва и други невладини организации, меморандуми за соработка ќе бидат потпишани со  „Охрид SOS”, „Еко ФАП”, „Explorer”, „Културолошка иницијатива 5 до 12″, „Црвен Крст- Охрид”, „Чист Охрид”, „Енхелеус Лихнид”, „Еколошко друштво Грашница”, „Охрид Ultra Trail”, „Охрид Трчат”, „Акватек” и „Спиридон”.

Преку заедничка соработка и лична одговорност се надеваме дека ќе придонесеме во заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите, рекоа по одржаниот состанок од ЈП „Охридски Комуналец“.

OhridNews