Делегација на ОУ „Христо Узунов“ од Охрид од 7-ми до 9-ти овој месец присуствуваше на патрониот празник на ОУ „Вук Караџиќ“ од Врање, при што од страна на директорите Душан Стевановиќ и м-р Тони Симоновски се потпиша повелба за збратимување на двете училишта.

Спогодбата е склучена со цел да се оствари блиска долгорочна соработка, да се развиваат и зацврстуваат меѓусебните односи заради зачувување на културата, верата, образованието, традицијата и обичаите, како братските врски помеѓу учениците и наставниците од двете училишта.

Со повелбата, најавено е унапредување на образовно-воспитната работа, односно соработка во сите области од заеднички интерес.

OhridNews