СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Охрид и 30-годишно од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.
Како што информираат од МВР, во периодот од 2016 година до март 2017 година пријавениот охриѓанец како лице вработено во кујна во ресторан по усна дозвола од неговата претпоставена ставал потпис на фактури за влез на стоки во ресторанот кои што ги доставувало лицето од Битола, вработено во Цермат-Битола, а при тоа робата воопшто не била примена во ресторанот.
За возврат од битолчанецот добивал одредена парична сума како награда, со што и двајцата се стекнале со противправна имотна корист и предизвикале материјална штета од 125.337 денари.
OhridNews












