Во Општина Струга е присутен недостиг од генерирање работни места и недостиг од работна сила кај занимањата со високи вештини и тоа стручни лица за образование, правни и општествени науки како и од областа на културата. Кај сите други професии каде се појавува суфицитарен јаз, тој исчезнува или се формира во дефицитарен со зголемување на степенот на образование. Тоа доведува до заклучок дека професиите се соодветни, но е потребна доквалификација, вели Драги Бицески претседател на Локално, економски и социјален совет при Општина Струга, на денешната одржана панел дискусија „Дефицитарни образовни профили во Општина Струга“во организација на Центарот на заедниците во општина Струга.

Образовните институции во општина Струга имаат солидна основа да го адресираат јазот кај дефицитарните професи, но треба да се приспособат на барањата на пазарот на трудот и да се поврзат со бизнис секторот, особено со странските инвестиции и големите компании во регионот, вели Бицески.

Најдефицитарни професии, според истражувањето на ЛЕСС и Меѓународната организација на трудот, се службеници за услужни дејности, книговодители, финансии статистика, евиденција на материјалите и како и професии во скеторот транспортот. Дефицитарни се и работници во персонални служби, продавачи, негователи, градежници и градежни работници, изработувачи на ракотворби и печатари, преработувачи на храна дрво и тесктил, ракувачи на машини и постројки, возачи на моторни возила, чистачи, општи работници.

OhridNews