Експерти од Локалната самоуправа и  Министерството за животна средина извршија анализа на трите чинари на плоштадот „Крушевска република“ и во населбите Воска и Кошишта во Охрид, при што било констатирано дека е  потребно да се преземат итни мерки за нивна санација.

Од стариот Чинар во центарот на Охрид треба да се отстрани скршената гранка и да се зачува, а малите гранчиња да се употребат потоа при санација на стеблото за оформување на гнезда за птици и за покривање на металната конструкција за прицврстување на гранките. Оваа санација треба да се изврши под надзор на стручни лица од Секторот за природа при управата за животна средина, Државниот инспектор за природа и од Одделението за заштита на животната средина при локалната самоуправа.

На чинарот во населбата Кошишта, според експертите, сувите гранки треба да се отстранат и премачкаат со заштитно средство, додека во Воска сувите делови од стеблото и сувите гранки треба да се отстранат, информираат од Одделението за заштита на животната средина при локалната самоуправа.

OhridNews