Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, побарал од Управувачкиот комитет и од сите вклучени институции во справувањето со мигрантската и бегалската криза и понатаму со максимална посветеност да продолжат со своите мерки и активности, со цел заштита на државната граница, контрола врз мигрантите и намалување на безбедносните ризици за обезбедување и остварување на сигурноста на граѓаните на Република Македонија и нивниот имот, соопштија од претседателскиот кабинет.

-Денешниот состанок се одржа со цел претседателот Иванов да ги запознае членовите на комитетот за неодамнешната средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, комесарот за проширување, Јоханес Хан, извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери и со претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, на која беа разменети информации за моменталните состојби, за нашите предлози и за мерките и активностите на ЕУ за менаџирање на мигрантската и бегалската криза, информираат од Кабинетот на претседателот.

Претседателот Иванов искажал задоволство од одговорниот пристап кон кризата од страна на претседателот Туск, како и задоволство што предлозите, кои се однесуваат на намалување на безбедносните ризици како и за помошта од ЕУ за Република Македонија во вршење на регистрација на мигрантите и бегалците, во согласност со стандардите на Европската Унија.

OhridNews