Неколкумина алпинисти и добро обучени планинари ја сочинуваат Екипата за спасување на планини и непристапни терени која функционира во рамките на Црвениот крст Охрид.

Без никаква поддршка од инстутициите и изложувајќи се на многубројни ризици, од 2006 година па навака оваа екипа беше дел од многубројни акции, во кои на неколку наврати беа спасувани човечки животи.

Она што очигледно е најважно е тоа што после толку години, ние како општество не извлекуваме заклучоци од серија несреќи кои ни се случуваат. Мора да констатираме дека последните 6-7 години ние ги имаме истите проблеми и немаме мрднато ниту една стапка понапред. Сакам да ја искористам оваа прилика како еден јавен апел до надлежните, дали ние имаме свест и сакаме да развиваме туризам и други активности на повисоко ниво?“ – вели Антонио Додевски.

Осврнувајќи се на последната спасувачка акција на планината Галичица во која животот го загуби едно лице, Додевски потенцира дека еден од најголемите пропусти кој со години наназад се провлекува е некоординираноста помеѓу самите институции.

Во многу случаи наназад ние ја завршуваме работата, но никогаш не сме повикани на време. Секогаш не повикуваат откако сите ќе се изнаредат таму, ќе видат дека немаат кој друг и тогаш не бараат нас. Или во овој случај, јас дознавам од медиумите дека нешто е случено, па пробувам да добијам информации како Екипата би можела соодветно да интервенира.“ – потенцира Додевски.

Според него, за поквалитетно делување на Единицата за спасување на планини и непристапни терени, потребна е поголема поддршка од останатите институции, но и поголема заинтересираност од самата јавност.

Спасувачките екипи дефинитивно ги сочинуваат искусни и обучени алпинисти кои пред се, се занимаваат со алпинизам од љубов. Ги имаме луѓето, а нашите волонтери се пожртвувани. Нникој до сега не не прашал како ние се снабдуваме со опрема, кој ни обезбедува возило и кој го покрива горивото, како се мобилизираме и кој одговара за ризикот кој го носат нашите спасители. После сите овие години, мотивот кај луѓето опаѓа. Никој не изразил ниту благодарност, ниту се заинтересирал дали нешто ни е потребно.“ – вели Додевски.

OhridNews