Уредувањето на просторот во строгиот центар на градот треба да биде предмет на сериозна, отворена и транспарентна дебата, во која учество ќе земат сите надлежни институции, локалната самоуправа и засегнатите граѓани, велат во ВМРО ДПМНЕ. Оттаму најавуваат дека ќе покренат таква иницијатива во најскоро време, со цел да се симнат сите сомнежи околу носењето на Нацрт ДУП-ви за Табана и Ривиера, кои не го добија потребното мнозинство на последната седница на советот.

-Сега кога конечно се отвори порта за реално решавање на проблемите со ДУП-ви во централното подрачје, повикуваме најбрзо можно да се организира заедничка средба на преставници на надлежните институции Управа за заштита на културно наследство, Завод и Музеј, Локална самоуправа и секако заинтересираните сопственици на земјиштето, на која средба ќе се отворат сите проблематични прашања околу заштитно конзерваторските основи , законската регулатива и реалните можности за градба во овие опфати.-изјави Дејан Пановски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews