Министерството за локална самоуправа ги прави сите напори да обезбеди нормално функционирање на Центрите за развој во осумтте плански региони, бидејќи истите се идентификувани како значајни субјекти кои можат да придонесат за регионалниот развој во Македонија, oва денес го истакна државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гугоска, која заедно со раководителот на Секторот за правни и општи работи во министерството, Сузана Најкова, престојуваше во работна посета на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Со цел да се надминат проблемите во функционирањето на Центрите за развој, во тек на подготовка е документ во кои се предложени неколку модели на финансирање, преку кои треба да обезбеди нивна одржливост во понатамошниот период.

Се надеваме, дека Владата на Македонија, ќе прифати соодветен модел и преку измени на Законот за рамномерен регионален развој ќе овозможи нормално функционирање на Центритe за развој со оглед на постојните проблеми со кои тие со соочуват за нивно тековно работење.“ – велат до Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Државниот секретар Билјана Цветановска-Гугоска информираше за престојните активности што се прават во Министерството за локална самоуправа, за заживување на регионалените центри за соработка со бизнис заедницата, кои преку поддршка на УНДП и Владата, треба да овозможат отварање на нови бизниси преку поддршка на домашните и странски инвеститори.

На средбата, од страна на раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска,  беа изнесени информации за тековните проекти што се имплементираат од страна на ова регионално тело, како и за потешкотите со кои се соочува, а за кои, со цел да се надминат, е потребна поддршка од Министерството за локална самоуправа.

OhridNews