И оваа туристичка сезона до израз доаѓа проблемот со одлагање на отпадот од угостителските објекти од населбата Канео. Имано, поради непристапноста и специфичноста на теренот, угостителите се приморани, како и многу други работи, и одлагањето на отпадот да го вршат со кајчиња по воден пат. Тоа го прават во месноста Воска во близина на патеката кој овој дел од градот го спојува со стариот град. Тука се поставени контејнери кои секојдневно се преполнуваат со отпад.

Од ЈП „Охридски Комуналев“ велат дека секојдневно се подигнува отпадот од оваа локација. Додаваат дека постои реален проблем, затоа што угостителските објекти нема каде на друго место да го одлагаат ѓубрето.

Решението се разбира не е соодветно, но во моментов друго нема. Сметаме дека треба да се изгради полуподземен или подземен контејнер за одлагање на отпадот од Канео, но осегашната локација не одговара за таа намена. –  велат од јавното комунално претпријатие.

Службите на ЈП „Охридски Коминалец“ во шпицот на туристичката сезона секојдневно се максимално ангажирани во одржувањето на јавната чистота. Јавните површини, улиците и плоштадите секое утро се чистат од сметот кој зад себе навечер го оставаат посетителите.

OhridNews