Означувањето, безбедноста и чувањето на храната, рокот и датумот на производство, како и нутритивните својства на продуктите, се најчестите поплаки на потрошувачите, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму нагласуваат дека потрошувачите мора да посветат поголемо внимание кога го прават изборот иако притоа, особено е значајна и одговорноста на трговците во малопродажната мрежа зашто стојат зад понудата.


Минатата година биле доставени околу 130 претставки од граѓаните најмногу околу нехигиената, изминатите рокови и несоодветните декларации на пренранбрените производи. Во сите случаи каде што биле констаирани прекршувања на Законот за заштита на храната, биле преземени соодветни санкции и се поднесени прекршочни пријави.

Под мотото ,,Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната,, Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачите на Македонија, деновиве почнаа со реализација на кампања за информирање и едукација на потрошувачите за општите и посебните означувања на храната, означување на адитивите, читање на означувањето на прехранбените производи, означување на ГМО храната, означување на алергени состојки во храната, како и истакнување на нутритивните и здравствените тврдења. Во рамки на кампањата во повеќе маркети низ земјава се делат едукативни летоци наменети за потрошувачите.

OhridNews