Анализите се извршени врз основ на цените на стоките и услугите за лична потрошувачка.
Споредено по главни групи, согласно намената на потрошувачката, во септември 2011, во однос на август 2011, намалување е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 отсто, Образование за 0,3 отсто, Облека и обувки за 0,2 отсто, Рекреација и култура и Ресторани и хотели за 0,1 отсто.
Пораст на трошоците на животот е забележан во групите: Транспорт за 0,8 отсто и останати стоки и услуги за 0,2 отсто.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: алкохолни пијалоци, тутун, домување, вода, електрика, гас и др.горива, мебел, покуќнина и одржување на покуќнина, здравје и комуникации.