Проблемот со паркирани возила онаму каде што тоа не е дозволено е дел од маките со кои секојдневно се соочуваат сите учесници во сообраќајот, но и проблем кој го создаваат самите учесници во сообраќајот. Блокирани тротоари, приоди, патеки… оневозможено безбедно движење на пешаците и на велосипедистите, на лицата во инвалидски колички, на лицата со оштетен вид, на мајките со деца – е секојдневна слика. Токму затоа, РСБСП со потсетување до возачите за најважните одредби од ЗБСП, односно со потсетување каде ина кои места е строго забрането возачот да го запре или да го паркира возилото.
Забрането е паркирање на обележан пешачки премин, на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од десет метри од тие премини. На велосипедска патека, односно лента. На тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак. Ако е дозволено паркирање, односно запирање, задолжително треба да се остави најмалку 1,6 метри ширина на површината за движење на пешаци, со тоа што таа површина не може да биде покрај работ на коловозот.
Паркирање не е дозволено и на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби, на место на кое возилото би го засолнувало (покривало) поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци, на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило. На плоштад, пешачка зона, противпожарен пат, пред влез во објект, двор или гаража, на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови. На дел од јавен пат, каде ширината на слободниот премин од запреното или паркираното возило до полната надолжна линија на коловозот или до некоја пречка на патот би била помала од три метри, односно до спротивниот раб на коловозот би била помала од четири метри.
OhridNews












