
“На монодрамата работам интензивно и напорно десетина дена.Изведбата на овој род на драмска престава е тешка.М оето искуство е релативно мало, но се надевам дека ќе успеам, во изведбата,која за мене е посебен предизвик,особено од содржински аспект”, рече на прес -конференцијата, младата актерка Христина Цветаноска. Според нејзините очекувања, текстот ќе се втемели во срцето на секој Македонец.
Монодрамата е продолжение на активностите на Црвен крст – Охрид во на сока на поттикнување и развивање на хуманите вредности преку културните настани.
Во тие рамки, неодамна оваа најголема хуманитарна организација реализира хуманитарен концерт со Борис Трајанов и мандолинскиот оркестар од Скопје.
Ohridnews












