Челните луѓе на Формула 1 и екипите кои се натпреваруваат во шампионатот го потврдија претходно утврдениот календар за сезоната 2012. Календарот е потврден иако под знак прашалник се трките во Остин, Тексас и Бахреин.


Новата сезона ќе започне на 18. март со трката за ГН на Австралија, а ќе заврши на 25. ноември во Бразил. Титулата во новото првенство ќе ја брани Себастијан Фетел, пилотот на Ред Бул.

Распоред на трките во Ф1 за следната година:
18. март ГН на Австралија
25. март ГН на Малезија
15. април ГН на Кина
22. април ГН на Бахреин
13. мај ГН на Шпанија
27. мај ГН на Монако
10. јуни ГН на Канада
24. јуни ГН на Европа
8. јули ГН на Велика Британија
22. јули ГН на Германија
29. јули ГН на Унгарија
2. септември ГН на Белгија
9.септември ГН на Италија
23. септември ГН на Сингапур
7. октомври ГН на Јапонија
14. октомври ГН на Кореа
28. октомври ГН на Индија
4. ноември ГН на Абу Даби
18. ноември ГН на САД
25. ноември ГН на Бразил.

“макфакс“
Ohridnews