Судскиот Совет на Република Македонија на седницата што се одржи денеска не го потврдил реизборот на актуелниот претседател на Основниот суд во Охрид, Владо Дејаноски, дознава OhridNews од неофицијални извори. За разлика од Охрид, потврден е реизборот на актуелниот претседател на струшкиот суд, Ади Усеини.

Согласно законот во случај да не биде избран претседател на Основен суд, оваа функција до повторен избор привремено ќе ја извршува вршител на должност.

OhridNews