Холандскиот Апелационен суд денеска одлучи дека Владата на Холандија носи делумна одговорност за смртта на 300 муслимани во Сребреница, кои тогаш холандскиот баталјон им ги предал на босанските Срби. Апелциониот суд со ова само ја потврди одлуката на понискиот Суд, кој уште во 2014 година ја утврдил одговорноста на холандските миривници, пренесе агенцијата АП.

Со одлуката тие луѓе да ги предадат на босанските Срби, холандските војници им ја „одзеле шансата да преживеат“, изјавил претседателот на Апелациониот суд, Гепке Дуле, образложувајќи ја пресудата.

Во јули 1995 година група од околу 300 муслимани побарале заштита од холандските мировници, но тие решиле да им ги предадат на босанските Срби. Подоцна сите биле убиени во Сребреница.

OhridNews
Макфакс