Прилепска Победа осум сезони ќе отсуствува од евросцената, а нејзиниот екс-претседател Александар Забрчанец доживотно ќе биде надвор од фудбалот.

Спортскиот суд за арбитража и официјално ја потврди суспензијата што на нашиот двоен првак и на Забрчанец лани му го изрече телото на УЕФА за контрола и дисциплина, откако докажа лажирање на натпреварите со Пјуник во квалификациите од Лигата на шампионите во 2004.

Во својата прва одлука воопшто досега во врска со лажирање, панелот од тројца Арбитри на судот во Лозана ја прифати само жалбата од тогашниот капитен на победа Николче Здравевски.

Судот целосно ја укина неговата доживотна суспензија, бидејќи од доказите на УЕФА не можел да утврди негова вмешаност во местењето на дуелите со ерменската екипа.

Одлуките на спортскиот суд за арбитража во Лозана се конечни, без право на жалба.

Ohridnews
Извор “А1“