Потврдени се казните на првообвинетиот Митре Костоски кому му е изречена затворска казна од 4 години, второобвинетиот Илче Јоноски е осуден на казна затвор од 4 години и шест месеци. На српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој се уште е во бегство и кому му се судеше во отсуство, претходно-изречената затворска казна од 5 години, му беше намалена за три месеци. Казната од една година затвор беше потврдена и за Ѓоко Наумоски, кој најпрвин се теретеше за убиство, потоа за помагање, за на крај да биде осуден за „учество во толпа“.Дејан Новаковиќ беше убиен на 27 август лани во центарот на Охрид.











