Саудискиот новинар, Џамал Кашоги бил убиен во конзулатот во Истанбул, пренесе Саудиската државна телевизија повикувајќи се на изјава на саудискиот обвинител.

Како што се наведува, истрагата покажала дека тој бил убиен во тепачка во конзулатот.

Се додава дека заменик шефот за разознавање, Ахмед ал Асири и соработникот на принцот Мохамед бин Салман Сауд ал Кахтани се отпуштени. Истовремено, 18 државјани на Саудиска Арабија се уапсени во врска со овој случај.

Кашоги живееше во Турција и последен пат беше виден како влегува во саудискиот конзулат во земјата пред две седмици. Турската влада веднаш ги обвини саудиските власти за убиството на новинарот, што Ријад го негираше.

Истрагата продолжува.

OhridNews

Макфакс