Повеќе од 100 лица беа притворени доцна синоќа по протестот во Атина, кој се одржува веќе неколку дена, а е против ратификацијата на договорот од Преспа. Во грчкиот парламент два дена траеше дебата за преспанскиот договор, а за денеска е закажано гласањето за ратификација на договорот за промена на името на Македонија во Република Северна Македонија.

Дебатата во грчкиот парламент беше доста жестока, со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Македонското Собрание во јули минатата година го усвои Законот за ратификација на преспанскиот договор за решавање на спорот за името со Грција.

Протести во Атина се закажани и за денеска.

Тројца полицајци, пак биле повредени, додека се обидувале да ја растераат толпата, која сакала да го пробие полицискиот кордон кој бил поставен пред парламентот.

OhridNews

Макфакс