Бројот на заразени со коронавирус во светот вечерва надмина 80 милиони, покажуваат најновите податоци.

Од последици на болеста досега починале 1,75 милиони луѓе, закрепнале повеќе од 56 милиони, а активни случаи се околу 22 милиони лица.

Најмногу заразени и понатаму има во САД, над 19 милиони, каде починале 337.644 лица. Потоа следува Индија со повеќе од 10 милиони заразени и 147.379 смртни случаи, а на трето место е Бразил со седум милиони заболени и 190.145 починати.

Повеќе од два милиона заразени имаат Русија, Франција, Велика Британија, Турција, Италија, а меѓу еден и два милиона случаи на Ковид-19 се регистрирани во Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Мексико, Полска, Иран, Украина и Перу.

OhridNews