Повеќе средства за лицата со посебни потреби, решавање на инфраструктурни проблеми, повеќе средства за изградба на детски и спортски игралишта, меѓу другото, побараа граѓаните на денес одржаната јавна расправа за фискалната стратегија и нацрт програмите за буџет за 2019 година.

На јавната расправа, освен градоначалникот  Јован Стојаноски и секретарот  Игор Бежоски, присуствуваа и раководителите на општинските сектори, како и голем број претставници на месни заедници, граѓани.

Нивните предлози ќе бидат разгледани во идниот период, за потоа со нив да бидат дополнети нацрт предлог програмите кои потоа ќе бидат ставени на гласање од страна на советниците.