Деведесет и осум помали и поголеми дефекти на водоводната мрежа се санирани во месеците декември и јануари во Охрид. Загубите на вода се околу 65 % и истите во најголем дел се должат на старата и дотраена водоводна мрежа, велат од ЈП „Водовод“. Долговите на јавното претпријатие се над 320 милиони денари а поскапувањето на електричната енергија дополнително го усложнува работењето на охридски Водовод. Приоритет е модернизација на системот за водоснабдување на градот Охрид и околните населени места кои што се под надлежност на ЈП “Водовод” – Охрид.

ON: Колку дефекти на водоводната мрежа се констатирани зимава и на што се должат?

ЈП „Водовод“: Во декември и јануари ЈП “Водовод” – Охрид санира вкупно 98 помали и поголеми дефекти на водоводната мрежа. Помеѓу поголемите интервенции може да се издвојат: дефект на ул. “Кленоец” на ПВЦ цевка со профил Ø 300 мм; раскрсница ул. “Јане Сандански” – ул. “Галичица” Ø 200 мм; с. Лескоец Ø 110 мм; и ул. “15-ти Корпус” Ø 63 мм. Ова се должи на стари, дотраени цевки, разлика во притисокот како и последици од тектонски пореметувања.

Азбестно-цементни цевки се уште има на следните улици: “Питу Гули” Ø 150 мм, “Распаќе” Ø 300 мм, “Гоце Делчев” 150 мм, водоводната линија кон специјалната болница на отропедија и таруматологија Ø 125 мм и Ø 100 мм, “15-ти Корпус”, Велгошти и Лескоец Ø 125 мм, “Радоица Новичиќ” Ø 100 мм, “Железничка” Ø 150 мм, од Горица до Хотел “Гранит” Ø 200, Ø 150 мм и Ø 125 мм, “Дејан Војвода” Ø 125 мм, “Сирма Војвода” Ø 150 мм, “Карпош Војвода” Ø 200 мм, “Мирче Ацев” Ø 300 мм, “Славеј Планина” Ø 250 мм и Ø 100 мм, “Марко Цепенков” Ø 150 мм, “1-ва Македонска Ударна Бригада” Ø 100 мм и Ø 80.

ON: Кои места се најкритични, каде има стара водоводна мрежа, дали и каде има азбестни цевки?

ЈП „Водовод“: Азбестно-цементни цевки се уште има на следните улици: “Питу Гули” Ø 150 мм, “Распаќе” Ø 300 мм, “Гоце Делчев” 150 мм, водоводната линија кон специјалната болница на отропедија и таруматологија Ø 125 мм и Ø 100 мм, “15-ти Корпус”, Велгошти и Лескоец Ø 125 мм, “Радоица Новичиќ” Ø 100 мм, “Железничка” Ø 150 мм, од Горица до Хотел “Гранит” Ø 200, Ø 150 мм и Ø 125 мм, “Дејан Војвода” Ø 125 мм, “Сирма Војвода” Ø 150 мм, “Карпош Војвода” Ø 200 мм, “Мирче Ацев” Ø 300 мм, “Славеј Планина” Ø 250 мм и Ø 100 мм, “Марко Цепенков” Ø 150 мм, “1-ва Македонска Ударна Бригада” Ø 100 мм и Ø 80. На ул. “Абас Емин” каде водоводна линија беше од азбест-цементни цевки е заменета со нови ПЕ цевки со профил Ø 225 и Ø 160 мм во должина од 1100 м; на ул. “Јане Сандански” каде исто така водоводната линија беше од азбест-цементни цевки е заменета со лиено-железни цевки со профил Ø 200 мм во должина од 700 м и е изградена секундарна мрежа од ПЕ цевки со профил Ø 110 мм.

ON: Зошто се повторуваат дефекти на одредени места дури и по реконструкција, како што е случај со 15 Корпус?

ЈП „Водовод“: На ул. “15-ти Корпус” после реконструкцијата на водоводната линија е појавен само 1 дефект и тоа на секундарен приклучок со профил Ø 63 мм, а дефектот е настана при изведување на градежни работи. Дефектите кои што ги споменувате беа во периодот додека се градеше атмосферската канализација на оваа улица и градежни работи за реконструкција на патот.

ON: Каква е издашноста на изворите?

ЈП „Водовод“: Издашност на Летничките Извори е 89 л/с, а вообичаено изнесува 120-150 л/с; Билјанини Извори и Беј Бунар вкупно 75 л/с. Моментално се користат и бунарите и тоа: Студенчишта 1 со капацитет од 45 л/с, Студенчишта 3 со капацитет од 25 л/с, Орман 40 л/с. Со пумпање од Охридското Езеро од ПС “Метропол” се пумпаат 50 л/с.

ON: Во каква кондиција е ЈП „Водовод“, колкави се долговите и како се отплаќаат?

ЈП „Водовод“: Долговите на Јавното претпријатие се следни:
Долгови кон добавувачи:
– Добавувачи 38.748.497,00 денари
– Добавувачи тужби 13.816.054,00 денари
– Добавувачи на рати 18.334.838.00 денари
– Добавувачи физички лица 191.093,00 денари
———————————-
Вкупно 71.090.482,00 денари

– Фонд за води 1.218.897.00 денари
– Плати 7.979.294,00 денари (исплатена плата за01/22)
– Останати обврски 104.128,00 денари
– ЈП Колекторски систем 238.623.237,00 денари
– Долгорочни обврски 1.577.398,00 денари
———————————-
Вкупно 249.502.954,00 денари

Вкупно по сите основи: 320.593.436,00 денари

Долговите и платите се сервисираат навремено, со динамика определена од објективните можности. Голем проблем во тековното работење е енормното зголемување на цената на електричната енергија, што може да предизвика проблеми во нормалното функционирање на ЈП.

ON: Се планира ли реорганизација и рационализација на јавното претпријатие?

ЈП „Водовод“: Во однос на реорганизацијата и рационализацијата, во моментот се прават анализи на човечките ресурси, актите на кои се засноваат работните односи, како и следење на законската регулатива (Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работните односи).

ON: Дали ќе има модернизација на водоводната мрежа и водоснабдувањето?

ЈП „Водовод“: Модернизацијата на системот за водоснабдување на Градот Охрид и околните населени места кои што се под надлежност на ЈП “Водовод” – Охрид е приоритет на нашето претпријатие. Истата зависи од расположливите финансиски средства, кои што планираме да се обезбедат од домашни и странски извори.

Како приоритет е замена на азбест-цементните цевки, замена на филтрите и пумпите во ПС “Метропол”, поставување на водомери со далечинско отчитување во колективните станбени објекти, воведување на SCADA систем и ГИС, пратење на светските новитети и трендови во водоснабдувањето.

ON: Каква е наплатата на сметките?

ЈП „Водовод“: Процент на наплата во 2021 година: Тековно фактурирано 2021/тековно наплатено

вода  69,36% услуги  92,83%, се вкупно 72,41%.

ON: Колкави се загубите на вода и што се презема во оваа насока?

ЈП „Водовод“: Загубите на вода се околу 65 % и истите во најголем дел се должат на старата и дотраена водоводна мрежа, дефекти на мрежата и време за нивна поправка, неутврдени дефекти како резултат на застареноста на водоводниот систем, неможност за брза евиденција на дефектот, бидејќи цевките се под земја, што резултира со неевидентирана потрошувачка на вода, празнење на резервоари поради нивно санитарно перење, некоректна и неодобрена потрошувачка од страна на корисниците, како што е наводнување и сл.

ON: Што е со селските водоводи, во каква состојба се, што се планира?

ЈП „Водовод“: Со одлуки на Советот на Општина Охрид, како негов основач, ЈП “Водовод” – Охрид, стопанисува и со селските водоводи во селата: Љубаништа, Лескоец, Горно Лакочереј, Вапила, Ливоишта и Долно Лакочереј. Овие водоводи се преземени во лоша состојба и без системи за хлорирање на водата.

Веднаш по преземањето на овие водоводи се преземени зафати за замена на пумпните станици и монтирање на системи за хлорирање на водата. Во овие средини водата често се злоупотребува за наводнување преку бесправни приклучоци, така што доаѓа до недостаток на вода за пиење, особено во летните периоди. И во понатамошниот период нашето претпријатие ќе презема мерки за модернизирање и одржување на овие водоводни системи.

Наташа Смоковска Јованова