
Полицијата не соопштуваат детали од истрагата, но неофицијално се говори дека осомничениот се товари за повеќе убиства и други тешки дела.
Продавачот на девизи Трајче Цоцевски исчезна во саботата. Три дена подоцна неговото безживотно тело беше пронајдено од случаен минувач во близина на автокампот АС кај Струга. Обдукцијата покажа дека Цоцевски бил убиен со удари од тврд и остар предмет во пределот на телото и главата.
Осомничените се на распит во охридската полиција и се очекува да бидат изведени пред истражен судија.
ohridnews
претходна сторија: Полицијата приведе осомничен за убиството на Цоцевски
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=4605











